Во натпревар од 22.коло на Премиер лигата, Манчестер Сити запишаа победа и нови три бодови со кои се врати на второто место на табелата.
Шампионот немаше проблеми да го совлада Барнли и тоа убедливо со 3-1.
Хулијан Алварез 24-тиот роденден го прослави со двата гола за само шест минути. Аргентинецот го отвори резултатот во 16-тата, а веќе во 22-та минута го постигна вториот гол.
Само што започна второто полувреме (46) Родри зголеми на 3-0. Голот за гостите го постигна Ал Дахил во судиското дополнение поставувајќи ги конечните 3-1 за Сити.
Манчестер Сити сега се врати на 2.место на табелата со 46 бодови колку што има и Арсенал кој има натпревар повеќе. Веднаш зад нив е Тотенхем со три бода помалку (43).
Standings provided by Sofascore