Во натпреварот од 22.коло на Серија А, одигран во Фиренца, Интер славеше минимална победа со 1-0. По овој триумф Интер сега е прв на табелата.
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Лаутаро Мартинез уште во 14-тата минута.
Домаќините во вториот дел пропуштија голема шанса за изменување. Имено, Аргентинецот, Николас Голзалес во 76-тата минута не реализира пенал.
Иако во продолжението двата тимa има по неколку шанси за гол, резултатот остана не променет до крајот.
Со оваа победа Интер се врати на 1.место на табелата со 54 бодови еден повеќе од Јувентус кој има одиграно и натпревар повеќе.
Фиорентина остана петта со 34 бодови како и Лацио кој е шести.