Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски со одличните интервенции му донесе бод на Рајо. Во натпреварот против Реал Сосиедад кој заврши 0-0 нашиот голман беше најзаслужен за херојското издание на Рајо.
Натпреварот беше пеколен од двете страни. Уште во орвиот дел Столе имаше две интервенции кои спречија голови за Сосиедад. Иако повеќе напаѓаа домаќините голот на нашиот Столе беше за нив „маѓепсан”.
Во вториот дел Сосиедад продолжи со големото темпо не не дојде до никаков резултат. За да биде поинтересно Столе имаше уште една интервенција во вториот дел. Со негова помош и помошта на дружината Рајо Ваљекано го издржаа тврдиот терен на Сан Себастијан.
Сосиедад останува 6.ти во Ла Лига со36 бода на 22 натпревари. Столе и дружината на Рајо се на 13.та позиција со 24 бода по 22 натпревари во Премиера.
Андреј Велјаноски