Арина Сабаленка втора година во низа е шампионка во Мелбурн. Белорусинката е победничка на првиот Гренд слем во годината Австралија опен.
Во финалниот меч, Сабаленка полесно од очекуваното ја победи кинеската тенисерка Кинвен Женг.
Мечот траеше 65 минути Сабаленка ги доби двата сета со 6-3 и 6-2.
За Белорусинката ова е втор триумф на Австралија опен и само втор трофеј од Гренд слем турнирите.
Утре ќе се игра машкото финале (09.30 часот).
Во него за трофејот ќе се борат Русинот, Данил Медведев и Италијанецот, Јаник Синер.