Екипата на Болоња уште еднаш се покажа како тврд „орев“ за фаворитите. На гостувањето на „Сан Сиро“, Болоња освои бод во дуелот со Милан играчки 2-2.
Гостите поведоа со голот на Џошуа Зиркзи во 29-тата минута.
Пет минути подоцна беше досуден пенал за домаќините кој Жиру не успеа да го реализира. Сепак, Рубен Лофтус-Чик во 45.минута израмни на 1:1 по асистенцијата на Калабрија.
Продолжението донесе нова иницијатива на Милан кој ги посакуваше сите три бода.
Во 74.минута беше досуден нов пенал, а и овој пат без реализација, бидејќи Тео Хернандез ја погоди стативата.
Во 83.минута Рубен Лофтус-Чик со нов гол го доведе Милан во водство од 2:1.
Но, тоа ме беше се. Во првата минута од судиското дополнение беше досуден пенал за Болоња. Орсолини беше прецизен и ги постави конечните 2:2