Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го дознае противникот за баражот за Светското првенство 2025-та.
Освојувањето на 17-тото место на тековниот Европски шампионат, ја вметна Македонија во привилегираниот прв „шешир“ при извлекувањето.
Навидум во вториот треба да бидат полесни противници, но и таму има „нагазни мини“. Сигурно дека Лазаров и ракометарите не ги посакуваат Швајцарија, Србија, Романија па и Фарските острови кои оставија одлиен впечаток.
Останатите од вториот „шешир“ би биле противници по мерка за Македонија, која ќе брка нов настап на големите натпреварувања.
Ждрепката ќе почне од 14 часот, а може да ја ГЛЕДААТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ЖДРЕПКА ЗА БАРАЖ ЗА СП 2025
„ШЕШИР“ 1:
СЛОВЕНИЈА, УНГАРИЈА, ПОРТУГАЛИЈА, АВСТРИЈА, ИСЛАНД, ХОЛАНДИЈА, ШПАНИЈА, Ц. ГОРА, ЧЕШКА, ПОЛСКА, МАКЕДОНИЈА
„ШЕШИР“ 2:
ГРУЗИЈА, СРБИЈА, Ф. ОСТРОВИ, ШВАЈЦАРИЈА, РОМАНИЈА, ГРЦИЈА, БИХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Словачка/Израел, Финска/Литванија