Со пет што ќе се играат попладнево почнува вториот дел од сезоната во Втората машка кошаркарска лига.

Во првиот дел од сезоната екипата на МКК Куманово предводена од екс-селекторот Докузовски е единствената со максимален број на победи. Затоа кумановци се и ТОП фаворити за пласман во Првата лига.

Веднаш зад нив е новајлијата Маџари кој дополнително ги засили своите редови, како и екипата на Шкупи која е трето рангирана. „Математиките“ на овој двоец ќе се обидат да им го замрсат кошаркарите на МЗТ Скопје У.Б. и Ангели. Тука некаде се заокружува кругот на кандидати за второто место иако не треба да се отпишат и штипските соколи.

Во оваа рунда дербито ќе се игра во Чаир, каде на мегдан на Шкупи доаѓа тимот на Ангели. Интересно треба и да виде во Штип каде на Соколи му гостува МЗТ Скопје 2.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
Сабота

17.30 МАЏАРИ – ПАРТИЗАН В.С.
18.00 ШКУПИ – АНГЕЛИ
18.00 ТЕТЕКС – МКК КУМАНОВО
18.00 СОКОЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
18.00 КУМАНОВО 2009 – МЕГА БАСКЕТ
Понеделник
20.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 22, Маџари 20, Шкупи 19, МЗТ Скопје У.Б. 19, Ангели 18, Соколи 1933 16, Борец баскет 16, Водно Санс 15, Работнички 2018 15, Мега Баскет 14, Тетекс 13, Куманово 2009 10.