Најголемото македонско кошаркарско дерби меѓу „вечните ривали“ МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра денеска.

164-тата пресметка на „вечните“ е на програмата во рамките од 15.тото коло на Првата лига.

Поради зафатеност за СЦ „Јане Сандански“ сино-белите решија овој натпревар како домаќини да го играат во салата „независна Македонија“. Имајќи го во предвид капацитетот на салата во Кисела Вода, дуелот ќе мине без присуство на гостинските навивачи „Сити Парк Бојс“.

Натпреварот се игра порано од вообичаеното поради настапот на МЗТ Скопје во АБА2 лигата следната седмица. Таков беше случајот и со вчерашниот натпревар на ТФТ, како и утрешниот натпревар во Битола.

МЗТ Скопје дербито го пречекува од водечката позиција на табелата со две победи (12) повеќе од Работнички кој е трет (10), а меѓу нив е Еуро Никел (11).

Почетокот на „вечното дерби„ е закажан за 19 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
среда

ФМП АКАДЕМИЈА – ТФТ 62-90
четврток
19:00 МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ
петок
18:00 ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ
сабота
17:00 КОЖУВ – ФЕНИКС
17:00 ВАРДАР – ЧАИР
18:00 ГОСТИВАР – ОХРИД

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26 бодови, Еуро Никел 25, Работнички 24, Пелистер 24, ТФТ 24, Чаир 23, Феникс 22, Гостивар