Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е претставен како нов играч на Шалке.
Германскиот бундеслигаш тоа го објави на својот официјален веб сајт.
„Тој игра храбро, бара ситуации еден на еден и ќе нé направи понепредвидливи.
Никогаш не сум видел играч толку мотивиран, толку желен за предизвик. Тој ќе го инспирира тимот и навивачите“,
изјави спортскиот директор Марк Вилмотс.
За Чурлинов ова е враќање во редовите на тимот од Гелзенкирхен за кој веројатно ја одигра својата најдобра сезона 2021/2022.
„Со нетрпение очекувам да се вратам во дресот на Шалке чии раководни луѓе и навивачи постојано беа во контакт со мене.
Сега би сакал да му го вратам тоа на клубот на теренот, по можност во форма со голови, асистенции и пред сè победи“,
изјави Чурлинов.
Дали македонскиот репрезентативец својот „кам-бек“ ќе го има веќе во петок кога Шалке му гостува на Кајзерслаутерн останува да видиме.
Инаку тимот од Гелзенкирхен е на 14.место во втората германска лига ќе види тепка битка за опстанок.