Тејлор Фриц е вториот тенисер кој обезбеди пласман во четвртфиналето на Гренд слемот Австралија опен.
Американецот, во меч од четвртата рунда го совлада минатогодишниот финалист Стефанис Циципас со 3:1 во сетови.
Првиот сет кој го доби Фриц беше решен во тај-брејкот со 7-3 на поени. И вториот сет беше неизвесен. Дури во 11-гем Циципас направи брејк, а потоа го доби и својот, а со тоа и сетот со 7-5.
Со следните два сета Американецот, по два пати успеваше да одземе гем на сервис на противникот, па двата сета ги доби со 6-3.
Така Фриц за прв пат се пласира во четвртфиналето во Мелбурн и закажа дуел против шампионат Новак Ѓоковиќ кој лесно ја мита четвртата пречка.