По едномесечната пауза продолжува натпреварувањето во Првата женска кошаркарска лига на Македонија. Денеска ќе се играат сите четири натпреварите од 11-отот коло.

„Двојна програма “ е предвидена во салата „Независна Македонија“ во скопска Кисела Вода.

Од 14 часот, на теренот ќе истрчаат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Струга 2009. Веќе од 17 часот закажан е веројатно и најинтересниот дуел од овој круг. Засилениот состав на Бадел, кој во зимскиот период ангажира неколку американски кошаркарки, го пречекува шампионот Баскет Кам.

Ко-лидерот на табелата, екипата на Вардар, во малата салата „Кале“ ќе го угости кавадаречки Прбаскет, додека Крива Паланка го пречекува Куманово-Гризли.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – 11.КОЛО
сабота
14.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – СТРУГА
16.00 ВАРДАР – ПРОБАСКЕТ
16.00 КРИВА ПАЛАНКА – КУМАНОВО ГРИЗЛИ
17.00 БАДЕЛ – БАСКЕТ КАМ

ТАБЕЛА: Баскет кам 19 бодови, Вардар 19, МЗТ Скопје Аеродром 17, Куманово Гризли 15, Пробаскет 14, Крива Паланка 14, Бадел 12, Струга 10.