По нешто повеќе од три неделна пауза викендов на домашната спортската сцена се враќа кошарката.  На програмата се дуелите од 14.коло во Првата машка лига.

Како во првиот, така и на стартот на вториот дел од сезоната, поголемиот дел од натпреварите ќе се играат в сабота во истиот термин 18 часот.

Сепак, програмата ќе биде отворена од 13 часот со дуелот во СЦ „Кале“ каде ќе има двојна програма. Во првиот меч ТФТ го пречекува Вардар, а во вториот Работнички и Чаир го играат еден од двата дерби дуели.

Секако дека натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го има приматот дерби на колото. Во него се среќаваат минатогодишните финалисти. Шампионот и лидер на табелата МЗТ Скопје Аеродром го пречекува четврто пласираниот Пелистер.

Интересно се очекува да биде и во Кавадарци каде на мегдан на второ рангираниот Еуро Никел доаѓа екипата на Гостивар.

Останатите два натпревари од оваа рунда ќе се играат утре (недела).

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
сабота
13.00 ТФТ – ВАРДАР
18.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ПЕЛИСТЕР
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – ЧАИР
недела
18.00 ОХРИД – КОЖУВ
20.00 ФЕНИКС – ФМП АКАДЕМИЈА

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 24, Еуро Никел 23, Работнички 22, Пелистер 22, Чаир 22, Феникс 20, ТФТ 20, Гостивар 17, Кожув 16, Академија ФМП 16, Вардар 16, Охрид 15.