Засилениот состав на Бадел славеше убедлива победа над шампионот Баскет Кам во премиерното коло за вториот дел од сезоната.

Во натпревар од 11.коло во Првата „А“ женска лигата, Баделки го совладаа тимот на Баскет Кам со 94-72.

Трите нови американски засилувања кај скопјанки се покажаа како полн погодок. Американките доминираа на натпревари и уште по првата четвртина домаќинките го најавија триумфот. Бадел го доби првиот период со 12 разлика (26-18), а во вториот додаде уште 15 поени предност (28-13).

Така второто полувреме беше само чиста формалност, за на кракот Бадел да слави со конечни 22 разлика (94-72).

Ова е само трета победа на Бадел сезонава по која останува на претпоследното место со една помалку од Пробаскет. Сепак се чини дека со новиот тим Бадел брзо ќе оди неколку места погоре на табелата.

Поразот на Баскет Кам го искористи Вардар кој со победата над Пробаскет сега осамен на 1.место на табелата.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ
11.КОЛО
МЗТ СКОПЈЕ А. – СТРУГА 52 – 40
ВАРДАР – ПРОБАСКЕТ 66 – 63
КРИВА ПАЛАНКА – КУМАНОВО ГРИЗЛИ 91 – 58
БАДЕЛ – БАСКЕТ КАМ 94-72

ТАБЕЛА: Вардар 21 бодови, Баскет Кам 20, МЗТ Скопје Аеродром 19, Крива Паланка 16, Куманово Гризли 16, Пробаскет 15, Бадел 14, Струга 11.