Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ се пласира во 4.коло на Грен слемот Австралија опен.
Ѓоковиќ рутонски го одигра дуелот против Аргентинецот, Томаш Ечевери, кого го совлада во три сета.
Првите два, Србинот ги доби со идентични 6-3. Во третиот Аргентинскиот тенисер одигра одлично на свој сервис и не му дозволи на Ѓоковиќ да направи брејк. Сетот стигна до тај-брејкот кој специјалистот за тоа Новак, го реши во своја полза со 7-2 на поени.
Противник на Ѓоковиќ во следната рунда ќе биде францускиот тенисер Адријан Манарино.
Французинот по маратонски меч што траеше 4 часа и 51 минута, го победи Американецот, Бен Шелтон со 7:6, 1:6, 6:7, 6:3, 6:4.
Од фаворитите. Без проблеми и по само три одиграни сета пласман натаму обезбедија, четвртиот Синер, петтиот Рубљев, како и минатогодишниот финалист Циципас (7).