Фудбалерите на Селта на гости ја совладаа Валенсија со 3:1 и се пласираа во четвртфиналето на Купот на Шпанија
Гостинот од Галиција прв дојде во водство кога Лука Де Ла Торе ја затресе мрежата во 13-тата минута.
Веќе пет минути потоа беше 0:2, откако Анастасиос Дувикас реализира пенал. До крајот на првиот дел од играта беше досуден уште еден пенал, овојпат за домашните. Пепелу ја искористи шансата да се запише меѓу стрелците и да намали на 1:2.
Второто полувреме и припадна на Валенсија, но само статистички. Избраниците на Рубен Бараха не успеаја да создадат конкретна шанса за израмнување.
Затоа следеше казна на спротивната страна. Дувикас во 80.минута ги постави конечните 1:3 за гостите.
Така Селта им се придружи на Мајорка, Севиља и Атлетик Билбао во четвртфиналето.
Вечерва се играат и натпреварите, Осасуна – Реал Сосиедад и Џирона – Рајо Ваљекано.
За утре закажани се последните две средби. Унионистас ја пречекува Барселона (19.30 часот), а во мадридското дерби, Атлетико е домаќин на Реал (21.30 ч).