Победата над Швајцарија беше плод на целиот тим, но голманите Мартин Томовски и Марко Кизиќ имаа свој ефект и достојно го заменија капитенот Никола Митревски, кој поради повреда не беше во составот. Томовски имаше 12 одбрани против Швајцарија, од кои неколку „зицери“ во првиот дел и „жива топка“ на последниот напад на Швајцарија. Двајцата македонски репрезентативци одбранија по еден удар од 7.метри.
На видеото сите одбрани на македонските голмани.