Топ фаворитот и актуелен шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ е во третото коло.
Србинот, во четири сета го совлада домашниот тенисер со руско потекло Алексеј Попирин. Првиот го доби Ѓоковиќ со 6-3, а вториот противникот со 6-2. Во Следните два светскиот рекет број 1 заигра на посакуваното ниво и ги доби со 7-6 и 6-3.
Минатогодишниот финалист, а седми носител годинава, Стефанос Циципас одигра маратонски меч. И на Гркот му требаа четири сета (3:1) против домашниот тенисер Џордан Томсон да се пласира во третото коло.
Во следното коло се пласира 4-носител Јаник Синер кој со идентични 6-2 ги доби трите сета со Холанѓанецот, Де Јонг. Речиси на идентичен начлин тоа го стори и 5-носител Рубљеб кој на три пати со 6-4 беше подобар од Американецот, Јубакс.