Желба, карактер, гордост. Со три збора вака може да се опише настапот на оваа генерација на македонски ракометари на последниот меч на Европското првенство.
Кога никој не веруваше во нив по убедливите порази од олимпискиот шампион Франција.
Кога сите ги отпишаа и нарекуваа со погрди зборови, по поразот од домаќинот Германија.
,,Сите” ги прежалија и пред дуелот со Швајцарија.
А, тие, ракометарите, стручниот штав и гордата македонска „Фаланга“ која беше во Берлин, се издигнаа над сите премрежја и заслужено се радуваа.
Браво момци.