Победата вечерва над Швајцарија 29:27 е исклучително голема за македонскиот ракомет. Ова особено што со триумфот македонската репрезентација за следното големо натпреварување баражот за Светското првенство ќе биде рангирана во „шешир“ со подобрите репрезентации.
Но, исклучително важно е што нашата репрезентација во ракомет ја прекина серијата од седум порази на европските првенства.
Последниот триумф беше во Виена на 10.јануари 2020 година со голот на Кирил Лазаров во последната секунда и триумфот над Украина.
На следните седум натпревари Македонија „запиша“ седум порази: Чешка и Австрија (ЕП 2020); Словенија, Црна Гора, Данска (ЕП 2022); Франција и Германија (ЕП 2024).
Радувај се МАКЕДОНИЈА !!!