Третиот ден натпревари на Африканското фудбалско првенство, ги донесе натпреварите од Ц групата.
Актуелниот африкански шампион Сенегал убедливо со 3-0 ја совлада селекцијата на Гамбија. Шампионт поведе во 4.минута со голот на Папе Гује. Во вториот дел Ламине Камара постигна два гола (52, 86), особено ефектен беше вториот.
Фудбалерите на Камерун не ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со Гвинеја играјќи само 1-1. Противникот поведе во 10.минута со голот на Бајо, а во финишот на полувремето остана и без исклучениот Камано.
Тоа Камерунците го искористија и по само шест минути преку Магри израмнија на 1-1. Но, тоа беше се што стори фаворитот, па и покрај неколкуте шанси во продолжението, резултатот остана не променет.