Шампионот Денвер игра променливо во новата година. „Нагетси“ ноќеска пред своите симпатизери славеа победа во дуелот со Њу Орленас со 125-113.
До овој триумф, четврти на шесте натпревари во 2024-та, ги предводеше Никола Јокиќ. Србинот го оствари 12-тиот трипл0-даб сезонава завршувајќи го натпреварот со 27 поени, 14 асистенции и 10 скока.
Со тоа популарниот „Џокер“ стана најдобриот центар во историјата на НБА кој има тројно остварување. Јокиќ досега во кариерата, во регуларниот дел на сезоната, има вкупно 117 трипл-дабл остварувања, што го рангира на 4,место во сите конкуренции.
Одлични индивидуални остарување имаа и Демар ДеРозан, Пол Џорџ и Тобијас Харис. Тројцата постигнаа по 37 поени за своите екипи.
Сепак улинокот на ДеРозан не беше доволен Чикаго да слави во дуелот со Голден Стејт. „Воините’ ги имаа расположените Клеј Тонсон со 30 и Кајри Ирвинг со 27 поени и победија со 140-131.
Затоа пак Џорџ со ЛА Клиперс се радуваше на гостувањето во Мемфис. Покрај Пол одличен настап имаше и Каваи Ленард со 22 поени и 7 асистенции, доволно „Клиперси“ да слават со 128-119.
Во отсуство на Џоел Ембид кој е повреден, Тобијас Харис беше лидерот кај Филаделфија во победата над Сакраменто со 112-93.
Најефикасниот натпревар го одиграа Јута и Торонто, а до четвртата последователна победа стигнаа „Џезерите“ со 145-113.