На стартот од Европското првенство во Германија, Македонија претрпе пораз од олимпискиот шампион Франција со 39:29. Избраниците на селекторот на Кирил Лазаров имаа добри 15-тина минути, но потоа фаворитот ја потврди својата големина. Ова за нашата репрезентација беше 6.ти пораз во серија на европските првенства.
Првиот дел почна со наизменично водство на двете репрезентации, притоа Франција имаше предност од 4:2, а Македонија брзо изедначи на 4:4. На истекот од првите десет минути Македонија имаше и водство од 7:6, а три од седумите гола постигна Иван Џонов (најефикасниот наш играч во првото полувреме). По 8:7, нашата репрезентација имаше серија од три голови за водство од 10:8, па францискиот селектор Гијом Жил по 15:30 минути побара тајм аут. Во овој дел од полувремето и македонскиот голман Никола Митревски стигна до шест одбрани. По дадените совети обраната на Франција стана „тешко проодна“ и противникот со серија од 4-0 дојде до водство од 12:10, а брзо потоа и 14:11. Во овој дел од играта македонските ракометари во нападот често правеа и грешки. Најефикасен во првиот дел беше Уго Деска од Франција со 6 голови без промашување.
Вториот дел почна изедначено и по 21:17, следувашпе серија од 6:2 за „триколорите“ во период кога Филип Кузмановски не резлизираше и седмерец. Франција тогаш поведе со 27:19 (+8). Успеавме да се вратиме и да намалиме на шест негатива (31:25), но противникот во 57.минута првпат имаше двоцифрена предност 37:27.
Уго Деска беше најдобар играч на натпреварот со 7 голови, додека кај Македонија најпрецизен беше Жарко Пешевски исто со 7 голови. Капитенот на Македонија голманот Никола Митревски заврши со 10 одбрани. Стрелци за Македонија беа уште: Џонов 6, Кузмановски 4, Лазаревски 4, Митев 3, Талески 3, Маркоски 1, Ненад Костески 1.
Натпреварот се одигра на Меркур Шпиел Арена во Дизелдорф пред 53.000 гледачи, а немаше нити едено исклучување.
Македонија следниот натпревар го игра на 14.јануари – недела со домаќинот Германија во Берлин.