Машката ракометна репрезентација на Македонија е во Диселдорф, каде утре го почнува новиот настап на Европските шампионати.

16-то издание ЕУРО по трет пат ќе брои 24 репрезентации. Македонските ракометари ќе ја имаат привилегијата во дуелот со олимпискиот шампион Франција да играат на отворањето на првенството.

За прв пат тоа ќе биде на фудбалски стадион, во случајот Меркур Шпил-Арена ви Диселдорф, кој разбирливо е прилагоден за потребите на ракометниот шампионат.

Првиот меч ќе се игра во терминот од 18 часот, а потоа од 20.45 часот ќе играат домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија.

Ова се дуели од групата А, по кои четирите репрезентации ќе се преселат во Берлин каде ќе ги одиграат дуелите од второто и третото коло.

Тие се закажани за 14 и 16 јануари (недела и вторник).

Берлинската пресметка со домаќинот Германија, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне во вечерниот термин, а против Швајцарија во попладневниот.

Сите актуелности од Европското машко ракометно првенство ќе може да ги следите овде.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО А ГРУПАТА

10 јануари
18:00 часот
МАКЕДОНИЈА  ФРАНЦИЈАМеркур Шпил-Арена , Диселдорф
20:45 часотГЕРМАНИЈА   ШВАЈЦАРИЈА 
14 јануари
18:00 часот
ШВАЈЦАРИЈА  ФРАНЦИЈАМерцедес-Бенц Арена , Берлин
20:30 часотМАКЕДОНИЈА  ГЕРМАНИЈА 
16 јануари
18:00 часот
МАКЕДОНИЈА   ШВАЈЦАРИЈА 
20:30 часотФРАНЦИЈА  ГЕРМАНИЈА