Довчерашниот тренер на Силекс, Горазд Михајлов, денеска го имаше првото обраќање сека како шеф на стручниот штаб на ФК Вардар.
На прес-конференцијата одрана во тренинг кампот на вардарци, Михајлов ги сподели своите очекувања за вториот дел од сезоната.
„Јас сум свесен во каква ситуација се наоѓаше Вардар и во каква ситуација е сега. Мене ме радува фактот што полека финансиски се стабилизира. Вардар е најпрепознатлив бренд на Македонија. Нормално дека тоа позитивно ќе влијаа не само на мене туку и на самите играчи. Останува на мене со моите соработници и со играчите да направиме една кохезија една екипа која што ќе атакува, верувајте сите 15 натпревар, кои ќе бидат како финале пред финале. Секој бод и добар резултат ќе ни биде од корист. Познавајќи го играчкиот кадар со кој дел од нив сум соработувал, но и со новите засилувања, Вардар на секој натпревар ќе мора да оди на победа, доколку сакаме да ја оствариме целта“, изјави Михајлов.
Што се однесува до новите засилувања Михајлов не сакаше да открие имиња велејќи дека клубот е во преговори со одредени играчи.
„Преодниот рок започнува на 15 јануари. Не би сакал сега да шпекулирам. Ќе се обидеме да донесеме квалитетни засилувања пред се домашни, но и странски, со кои би одиграле онака како што посакуваме и би ја оствариле целта, Вардар да опстане во Првата лига и следната сезона“, заклучи Михајлов.
Вардарци есенскиот дел од првенството го завршија на последното место на табелата. На 180те одиграни натпревари црвено-црните забележаа само 5 победи и загубија дури 11 натпревари.