Македонските ракометари пристигнаа во Дизелдорф, првата дестинација од нивниот настап на Европскиот шампионат во Германија.

Во видливо позитивно расположение избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе попладнево ќе го одработат и првиот од трите предвидени тренинзи.

Црвено-жолтите излезат на теренот на стадионот „Меркур Шпиел Арена“ специјално подготвен отворањето на шампионатот.

Токму напите ракометари ќе ја имаат честа да го отворат првенството и тоа во дуелот со олимпискиот првак Франција, закажан за во среда од 18 часот.

По нив ќе играат домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија.

Четирите репрезентации потоа се селат во Берлин каде ќе ги играат натпреварите од останатите две кола од А групата на 14 и 16 јануари.

Потсетување дека само двете прво пласирани селекции ќе продолжат во главната рунда.