Екипите на Рома и Аталанта освоија по еден боди играјќи „мирољубиво“.

Натпреварот од 19.коло одигран на „Олимпико“ во Рим заврши со резултат 1-1.

За гостите од Бергамо, мечот започна одлично. Веќе во 8-та минута со голот на Холанѓанецот, Копмајнерс, Аталанта поведе со 1-0.

Се играше 36-тата минута кога во шеснаесетникот на гостите имаше старт врз Карсдорп . По сугестија од ВАР собата Џанлука Аурелиано досуди пенал за домаќините. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Паоло Дибала за израмнување на 1-1.

Иако во продолжението на натпреварот избраниците на Мурињо се обидуваа да стигнат до втор гол, сепак резултатот остана не променет.

Со освоениот бод, Аталанта сега е на шестата позиција со 30 бодови колку што има и седмиот Лацион, односно еден повеќе од осмата Рома (29)