Фудбалерите на Ливерпул славеа победа над Арсенал и се пласираа во 1/16-финалето на ФА купот.
Дербито од оваа рунда се играше во Лондон, а Ливерпул славеше со 2-0.
Единствениот гол на натпреварот беше беше постигнат во 80-тата минута. По центаршутот на Александер Арнолд, Полљакот, Јакуб Кивиор ја зафати типката и ја погоди сопствената мрежа.
Примениот гол како да ги подразбуити домаќините. Се обидуваше Арсенал да стигне до израмнување, но „топчиите“ не успеаја во тоа, напротив.
Остави домаќинот голем простор за брзи противнапади на противникот. А токму таков во петата минута од судиското дополнение со гол го круниса Луис Дијаз.
Така, Ливерпул му се приклучи на бранителот на трофејот Манчестер Сити кој попладнево го декласира Хадерсфилд со 5-0.