По четири продолженија Реал синоќа во Мадрид го совлада Анадолу Ефес со 130:126 во 19. коло од кошаркарската Евролига.
Двајцата последни победници на елитното натпреварување ни приредија вистински спектакл. На натпревар беа поставени некои рекорди кои тешко ќе се соборат во иднина.
Ова е прв натпревар на Евролигата на кој беа одиграни 60 минути или четири продолженија. Исто така, ова е првпат да гледаме три продолженија на натпревар од Евролигата.
Реал Мадрид постигна 130 најмногу на еден натпревар во Евролигата.
Исто така, ова е натпреварот кој донесе најголем број на вкупно вкупно постигнати поени, дури 256.
Кошаркарот на Ефес, Шејн Ларкин, се запиша во историјата како играч кој поминал најмногу минути на теренот. Тој одигра неверојатни 53 минути и 11 секунди.