Водечката екипа во Серија А, Интер среќно стигна до трите бода во дуелот со Верона која е на 18.место на табелата.
На натпреварот од 19.коло одигра во Милано, Интер победи со 2-1 во дуелот со Верона.
А мечот одлично почна за домаќините. Веќе во 13.минута Лаутаро Мартинез му донесе предност на Интер. Во 49-тата му беше поништен гол поради офсајд. Гостите преку Копола во 74.минута израмнија на 1-1.
Вистинска драма се случуваше во судиското дополнение.
Во четвртата минута (90+4) Фратеси беше стрелец на голот за водство на Интер од 2-1.
Верона имаше шанса да остане не поразена, но Анри не го реализира пеналот, односно погоди статива.
Интер сега има 48 бодови, пет повеќе од Јувентус кој утре и гостува на Салернитана.