Хапоел од Ерусалим го ја прекина соработката со поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ.
По година и пол од престојот на Џикиќ во Ерусалим, двете страни се разделија во пријателски односи. Причина за прекинот на соработката е безбедносната ситуација во Израел.
„Не се случува секој ден или секоја година кошаркарски тим да се раздели со својот тренер, без професионални причини.
За жал, првпат се соочуваме со ваков случај. Хапоел најави разделба со Александар Џикиќ поради лични предизвици кои резултираа со безбедносната ситуација во Израел.”,
се наведува во соопштението на Хапоел.
Џикиќ го одведе овој тим до финалето на Лигата на шампионите на ФИБА и освои два Купа во Израел..
Него би требало да го наследи Словенецот, Јурица Големац, додека Џикиќ би можел да ја преземе клупата на репрезентацијата на Грузија.
Инаку Џикиќ ја предводеше Македонија во квалификациите за ЕП 2015. Но, иако избори пласман на шампионатот, тој не го предводеше црвено-жолтите на првенството во Хрватска.