Ракометната репрезентација на Македонија славеше победа над Грција во контролен натпревар. На средбата одиграна попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ Македонија ја победи Грција со 33-30.
Иако гостите подобро го започнаа натпреварот и до средината на првиот имаа и предност, сепак црвено-жолтите брзо ги консолидираа редовите. Поцврсто во одбраната и по трпеливо во нападот одиграа избраниците на Лазаров и на паузата заминаа со три разлика (18-15).
Каде застанаа таму и продолжија во вториот дел македонските ракометари. Имаа и најголемо седум гола предност. Мало опуштање во финишот им дозволи на гостите да го ублажат поразот, па на крајот македонските ракометари славеа со +3 (33-30).
Најефикасен во нашата репрезентација беше Милан Лазаревски со 8 голови, додека Ненад костевски постигна 6, а Филип Кузмановски 5.
Утре, но зад „затворени врати“ Македонија и Грција ќе одиграат уште една контрола.
Тоа ќе биде и последната проверка за избраниците на Кирил Лазаров пред нивното заминување за Германија на Европскиот шампионат.