Анже Ланишек е победник на втората од четирите „станици“ во на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
Словенецот, до триумфот во Гармиш Партенкирхен, дојде со скоковите од 136 и 137 метри. Тој освои вкупно 295.8 бодови од судиите.
Риоју Кобајаши скокна 137 метри во првата и 135.5 со втората серија. Сепак Јапонецот, заврши со 3,2 бодови помалку од победникот.
Андреас Велингер кој победни во Оберсдорф, денеска заври на третото место. Сепак Германецот, останува лидер во генералниот пласман.
Новите возбудувања продолжуваат во австриските ски-центри. Следно на програмата се скоковите во Инсбрук на 4 јануари, а два дена подоцна во Бишесхофен завршува турнејата.