Фудбалерите на Челзи го победија тимот на Лутон на гостински терен со резултат 3:2 во 20.коло од Премиер лигата.
Херој на Челзи беше Кол Палмер кој повторно постигна два гола, а имаше и асистенција. Тој го отвори резултатот во 12-,омита, а ми асистираше на Мадуеке во 37-мата за 2-0.
Со својот втор гол Палмер во 70-тата зголеми на 3-0.
Домаќините го направија финишот интересен со двата гола на Баркли (80) и Адебајо (87). Сепак немаа време и сили фудбалерите на Лутон да се спасат од пораз.
Со оваа победа Челзи се проби на 8.место на табелата со 28 бодови, два повеќе од Вилверхемптон.
Standings provided by Sofascore