Марко Одермат е победник на денешната супервелеслаломска трка во Светскиот куп во алпско скијање. Швајцарецот, најбрзо ја мина патеката во Бормио.
Одермат кој пред два дена беше втор во спустот на истото место, денеска оствари најбрзо време во супер-џи.
До својата 28-ма победа во кариерата Одермарт стигна во време од 1:27.72.минути. Toa беше за беше за 98.сторинки побрзо од Австриецот, Хаисер.
Како трет трката ја заврши Норвежанецот, Амод Килде со дури 1 секунда и 31 стотинка побавно време од победникот.
Одермат го презеде лидерското место во севкупниот генерален поредок, од Швајцарецот, Марко Шварц кој завчера имаше тежок пад и се повреди.