Машката македонска ракометна репрезентација е Стара Пазова каде го одработуваат првиот дел од подготовките за настап на Европскиот шампионат.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја одиграа првата контрола.
Тие ја совладаа Црна Гора во натреварoт во кој беа одиграни три полувремиња. По 60минути игра резултатот беше 39-37, а и дополнителниот трет период год одбија црвено-жолтите со 15-14
Тоа беше добра можност за селекторот Лазаров да ја провери формата и да знаат во кој правец треба да се одвиваат вториот дел од подготовките.
Вториот дел продолжува веднаш по новогодишните празници (2 јануари).
Дел од тој сегмент ќе биде и двомечот со селекцијата на Грција во Скопје.
Првиот на 4 јануари ќе биде отворен за јавноста, а влезот ќе биде слободен. Натпреварот Македонија – Грција ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17 часот.
Потсетување дена на шампионатот македонските ракометари за противници ќе ги имаат Франција, домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија против кои ќе играат редоследно почнувајќи од 10 јануари.