Елена Тасевска во женска и Војдан Стојановски во машка конкуренција се најдобрите македонски кошаркари за 2023-та година.
Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, вечерва на свеченоста во Скопје, беа прогласени најдобрите во мак-баскетот.
Тасевска со екипата на Баскет Кам ја освои шампионската титула, а потоа и Супер купот. Војдан Стојановски пак како предводник на МЗТ Скопје на двете споменати ја додаде и титулата во националниот куп.
Очекувано шампионите Баскет Кам и МЗТ Скопје ги понесоа признанијата за најдобри екипи во сениорска.
Во младинска конкуренција тие им припаднаа на Баскет Кам (жени) и Работнички (мажи). Тренерите на овие екипи, Јордан Цветановски и Нермин Пепиќ беа прогласени за најдобри во оваа категорија, во која индивидуалните признанија ги добија Ања Начевска (Вардар) и Никола Јаничиќ (Водно Санс).
Признанијата за најдобри тренери во сениорска конкуренција ги добија, Златко Гоцевски од Баскет Кам (жени) и Марјан Илиевски од Пелистер (мажи).
Ервин Цого е најдобриот „баскет“ играч, а екипата на Кино Влае најдобра во 3х3 конкуренцијата.
Од оние што не преставуваат во странство признанија очекувано добија, Анџелика Митрашиновиќ и Ненад Димитријевиќ, како и Емил Рајковиќ како тренер на московска ЦСКА.
За најдобар судија прогласен е Игор Митровски, а машката репрезентација до 20 година за најуспешна селекција.
Посебно признание му беше оддадено на Горан Трпушевски кој 25 години е дел од федерацијата.
Воедно постхумно беше оддадено признание на Јанко Луковски, легендарниот кошаркари и долгогодишен тренер, кој остави голем белег во македонската кошарка.