Кошаркарите на Работнички со победа ја завршија 2023-та година. Во последниот натпревар од оваа коледарска година, а во рамките на 13.коло на Првата лига Работнички славеше над Пелистер со 98-84.
Конечниот резултат и не ја репер за вистинската слика на теренот во кој Работнички доминираше 35 минути.
По израмнетата прва четвртина која домаќините ја добија со 6 разлика (26-20), во втората Работнички одигра подобро. Во поголемиот домашните кошаркари имаа двоцифрена предност (најголема +19), а на пауза заминаа со +17 (53-36).
Во второто полувреме, избраниците на Самарџиев само рутински ја зголемуваа предноста. Имаше Работнички и 33 разлика предност во последниот период, но „експериментот“ со втората петорка само ја стопи таа позитива. На крајот Работнички славеше со конечни +14 .
Најефикасен во победничката екипа беше Американецот, Декоси со 22, додека Рикиќ постигна 15.
Со оваа победа Работнички изби на третио место на табелата зад МЗТ Скопје и Еуро Никел. Тимот на Работнички продолжението на сезоната ќе го дочека со 22 бодови, колку што имаат Пелистер и Чаир.
Во кошаркарското првенство следува пауза се до 21-22 јануари за кога е закажано продолжението со дуелите од 14-тото коло.
КОШАРКА ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
Денеска
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 98-84
Претходно одиграно
ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ А. 69-78
КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 81-86
ВАРДАР – ФЕНИКС 89-104
АКАДЕМИЈА ФМП – ОХРИД 96-88
ЧАИР – ТФТ 81-63
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 24, Еуро Никел 23, Работнички 22, Пелистер 22, Чаир 22, Феникс 20, ТФТ 20, Гостивар 17, Кожув 16, Академија ФМП 16, Вардар 16, Охрид 15.