Во првиот натпревар од празничната „Боксинг деј“ програма во Премиер лигата, екипата на Нотингем Форест забележа над Њукасл. Благодарение на Крис Вуд и неговиот хет-трик гостите славеа пресврт победа со 3-1.

Црно-белите ја имаа улогата на фаворит во овој дуел и ја оправдаа. Започнаа одлично и по 23.минути играа го отворија резултатот. По одлично уфрлање во шеснаесетникот на гостите Александер Исак беше соборен по што беше досуден пенал. Сиурен реализатор беше истиот фудбалер за водство од 1-0.

Во самиот финиш на првиот дел (45+1), а по една брза контра, Крис Вуд го израмни резултатот на 1-1.

Во второто полувреме. Вуд набрзина постигна уште два гола во 53-тата и 63-тата минута.

Њукасл пропушти шанса да избие на шестото место на табелата пред Вест Хем и Манчестер Јунајтед, а нотингем Форест освои важни бодови во борбата за опстанок.

Денеска на програмата се уште четири натпревари.

ПРЕМИЕР ЛИГА – 19.КОЛО
Вторник
16:00 БОРНМАУТ – ФУЛАМ
16:00 ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД – ЛУТОН
18:30 БАРНЛИ – ЛИВЕРПУЛ
21:00 МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – АСТОН ВИЛА
Среда
20:30 БРЕНТФОРД – ВУЛВС
20:30 ЧЕЛЗИ – КРИСТАЛ ПАЛАС
21:15 ЕВЕРТОН – МАНЧЕСТЕР СИТИ
Четврток
20:30 БРАЈТОН – ТОТЕНХЕМ
21:15 АРСЕНАЛ – ВЕСТ ХЕМ

Standings provided by Sofascore