Спектакуларниот боксерски настан „Day of Reckoning“ одржан Ријад, Саудиска Арабија, понуди дузина на атрактивни борби.
Најголемото изненадување го приреди новозеландскиот боксер Џозеф Паркер. 31-годишникот важеше за аутсајдер во борбата со седум години постариот легендарен Американец Деонтеј Вајлдер. Сепак Паркер доминираше во текот на сите 12 рунди и со едногласна одлука на судиите ја доби борбата.
И Хрватот, Филип Хрговиќ лесно го доби 17-тиот меч во професионалната кариера. Тој експресно во првата рунда го доби мечот со Австралиецот, Марк де Мори. По дузината удари на Хрговиќ, а по само 76.секунди од борбата, судијата во рингот го прекина целосно нерамноправниот меч.
И во неколкуте други борби пред и по овој меч имаше импресивни нокаути. Исклучок на мечот на Вајлдер и Паркер кој траеше 12 сунди, сите останати беа завршени пред време .