Британскиот боксер Ентони Џошуа на најдобар можен начин покажа дека сеуште е во форма.
Иако многумина веќе почнаа да го отпипуваат некогаш неприкосновениот Џошуа, сепак Британецот, го демонстрира спротивното.
На спектакуларниот настан во Ријад, Саудиска Арабија, кој изобилуваше со нокаути, Џошуа во главната мечот на вечерта во технички нокаут го победи Ото Валин.
Мечот беше прекинат по завршувањето на петтата рунда, откако Џошуа со дузина удари го раскрвави лицето на противникот. Од таборот на противникот немаа друго решение освен да го прекинат мечот.
Така Џошуа во својот 30-ти меч ја забележа 27-мата победа, а 24 со нокаут.
Следниот боксерски спектакл треба да се случи на 17 февруари, за кога е закажана борбата меѓу шампионите Oлександер Усик и Тајсон Фјури.