Одамна во Премиер лигата пред Божиќ не била таква „гужва“ на врвот на табелата. Пет екипи се во само шест бодови разлика.
Астон Вила вчеравечер потишти шанса да избие сам на врвот играчки нерешено со Шефилд. Сега тоа е можност за Арсенал или Ливерпул да го сторат тоа.
Попладнево на „Енфилд“ овие два тима ќе го одиграат дербито на колото. Ливерпул сака повторно да се искачи на врвот и тоа преку актуелниот лидер Арсенал.
Иако Јирген Клоп многу го почитува Арсенал, сепак Германецот верува дека “Енфилд” ќе остане неосвоива тврдина сезона.
Ливерпул пред своите симпатизери има седум победи и еден нерешен исход, па триумф над Арсенал би бил прекрасна честитка за божиќната прослава на навивачите смета Германецот.
„Артета го изгради тоа што сакаше.
Тимот има добар микс на силни, високи играчи и брзи, технички одлични фудбалери.
Имам голема почит кон Арсенал, но сакам три бода“, изјави Клоп.
Дали божиќната желба на Клоп ќе се исполни останува да видеме по натпреварот што ќе почне од 18.30 часот.