Последното коло од од женската Супер лига ќе се одигра овој викенд. Оваа рунда ни носи два дерби натпревари, во кои ќе сигурно ќе гледаме неверојатна и борбена игра.

Првото дерби ќе го одиграат екипите на Металург Автокоманда и Куманово. Овој натпревар ќе се одигра во спортската сала ,,Наум Наумовски” со почеток од 14:00 часот. Судиската двојка која ќе ја дели правдата на овој натпревар е Божиновска Сања и Здравковска Андриана. Воедно овој натпревар ќе одлучи која екипа ќе застане на третата позиција на табелата. Евентуално „реми“ ви им одговарало на ракометарките на Вардар, но под услов да го изненадат шампионот.

Иемно, екипите на Ѓорче Петров и Вардар ќе се соочат во второто дерби на колото. Ѓорче е домаќин на овој натпревар ѓто ќе се одигра во спортската сала ,,Христо Батанџиев” со почеток од 18 часот. Лејла Јашар и Михаела Капсарева ќе го судат овој натпревар додека делегат ќе биде Ѓогеска Гордана. Влезот е слободен на овие два натпревари за сите љубители на женскиот ракомет.

Во оваа рунда веќе се одиграа два натпревари во кои победи остварија екипите на Чаир и Шампиони.

Двата денешни дерби натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 13.КОЛО
сабота
13:30 ДЕСПИНА – ПЕЛИСТЕР
14:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО
18:00 СПАРТАК – СТРУЖАНКА
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР МРТ3
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ГЕВГЕЛИЈА
Одиграно вчера
СКОПЈЕ – ШАМПИОН 29-31
Одиграно претходно
ЧАИР – АСТИБО 45-37

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 36 бодови, Чаир 34, Металург Автокоманда 30, Куманово 30, Вардар 28…

Ивона Кимовска