Екипата на Интер која последните две сезони го освојуваше Купот на Италија е елиминрана во осминафиналната рунда.
За тоа се погрижија фудбалерите на Болоња кои победија на гостувањето во Милано со 2-1 и тоа по продолженијата.
Сензацијата да биде поголема е што до приумфот ггостите стигнаа во продолженијата со пресврт.
Фаворитот се мачеше во текот на целиот натпревар. Имаа фудбалерите на Интер бројни шанси да постигнат повеќе голови. Мартинез промаши и пенал, па по регуларните 90.минути резултатот остана 0-0.
Во продолженијата, По само две минути игра, Карлос Аугусто го постигна единствениот гол на мечот. Пред самиот финиш на првото продолжение два гола на гостите. Прво во 112.минута Холанѓанецот, Сам Беукема израмни на 1-1, а во 115-тата Швајцарецот, Ендоје и донесе предност на Болоња од 1-2.
Така Интер по две години во кои го осојуваше трофејот сега нема да има можност да оствари хет-трик.
Болоња им се приклучи на, Фиорентина, Лацио и Фросиноне, во четвртфиналето.
Останатите четири натпревари од осминафиналната рунда ќе се играат по новогодишните празници.