Машката ракометна репрезентација на Македонија се собра во Скопје, со што го означи стартот на „операцијата“ ЕУРО 2024-та.
Од 19-мината ракометари кои се најдоа на списокот на селекторот Кирил Лазаров недостасуваат „странците“. Поради обврски со своите клубови, Никола Митревски, Филип Талески
„Повикав 19 ракометари, од кои 17 се тука во Скопје. Утре заминуваме за Стара Пазова. Таму ќе ни се приклучат Талески и Митревски.
Мора да бидеме позитивни и да го надоградиме системот. Задоволен сум од двата квалитетни натпревари против Грција и натпреварите со Турција, Луксембург и Португалија во квалификациите“,
изјави селекторот Кирил Лазаров.
По новогодишните празници завршните подготовки ќе бидат одработени во Скопје, а ќе бидат одиграни и два контролни дуели со Грција.
На Европскиот шампионат Македонија е во пеколна конкуренција на домаќинот Германија, селекцијата на Франција и Швајцарија, група од која само две репрезентации ќе играат во главната фаза.
„Најважно е што го задржавме континуитетот на големите натпреварувања иако имаме промена а генерација.
Немавме среќа во ждрепката и ја добивме Франција, која заедно со Данска е еден од фаворитите за златото, домаќинот Германија и секако Швајцарија, која можеби е ниво послаба од другите ривали.
Ние сме млада репрезентација која во иднина ќе прави големи работи“, додаде Лазаров.
За очекувањата селекторот ќе истакне.
„Секогаш сум амбициозен и верувам во невозможно. Но, во моментов тоа не е реална опција“, изјави Лазаров.
Првиот натпревар на европското Македонија ќе го игра на 10 јануари против повеќекратниот олимписки, светски и европски шампион Франција.