Македонија ја очекува нов настап на Европските шампионатот. Еден од поискусните и со подолг стаж во репрезе3нацијата е бекот Филип Кузмановски.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер добро вели секогаш е спортски е да се надеваш на изненадување, па така и ние на европското.
„Ние сме одлична и млада група ракометари. Имаме доста квалитет за иднината, сега стартуваат подготовките.
Ја знаеме групата и нејзината тежина, ама спортски е да се надеваме. Знаеме кои се Франција и Германија, но и против нив сигурно ќе го дадеме максимумот.
Се надевам дека некој ќе не потцени, а тоа ни е шанса ние да изненадиме и да се радуваме“, вели Кузмановски.
Селекцијата попладнево се собра во Скопје, а утре заминува за Стара Пазова каде ќе биде одработен првиот дел од подготовките.