Екипите на Арсенал и на Астон Вила со победите на денешните попладневни натпревари од 17.коло од Премиер лигата го минаа лидерот Ливерпул на табелата. Арсенал на домашен терен го победи Брајтон со 2:0, додека Астон Вила славеше на гостувањето кај Брентфорд со 2:1. На третиот дуел попладнево Вест Хем го победи Вулверхемптон со 3:0.

Арсенал во вториот дел го „скрши“ отпорот на Брајтон. Првиот гол во 53.минута го постигна Габриел Жезус, а конечните 2:0 ги постави Каи Хаверц во 87.минута. Арсенал со натпревар повеќе од Ливерпул е лидер со 39 бодови.

Астон Вила славеше со пресврт на гостински терен. Кин Луис-Потер во 45.минута донесе водство за Брентфорд, а во вториот дел Алекс Морено во 77.минута и Оли Воткинс во 85.минута донесоа три бода за својата екипа и второ место на табелата.

Вест Хем со 3:0 го победи Вулверхемптон, а три асттенции запиша Лукас Пакета.

Дербито на колото од 17:30 часот се игра на Енфилд меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.