Екипите на Работнички 2 и Тетекс забележаа победи во натпреварите од последното коло од првиот дел на сезоната во Втората лига.

На дуелот во Прилеп, вториот тим на Работнички славеше минимално против Мега Баскет со 82-80.

До својата само втора победа сезонава стигнаа и кошаркарите на Тетекс. Тетовци пред својата публика го совладаа велешки Борец со 73-68.

Од овој дел од сезоната останува да се одигра само уште натпреварот меѓу Куманово 2009 и МЗТ Скопје У.Б. кој е одложен, а најверојатно ќе се игра утре или задутре.

Вториот дел од сезоната ќе почне последниот викенд од јануари месец (27/28.01.2024).

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) –  11.КОЛО
Недела
ТЕТЕКС – БОРЕЦ БАСКЕТ 73-68
МЕГА БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ 2018  80-82
одиграно вчера 
ШКУПИ – МКК КУМАНОВО 60-82
МАЏАРИ – АНГЕЛИ 76-68
СОКОЛИ – ВОДНО САНС 125-100
одложено
КУМАНОВО 2009 – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.

ТАБЕЛА: МКК Куманово 22, Маџари 20, Шкупи 19, Ангели 18, МЗТ Скопје Уни Банка 17 (-1), Соколи 1933 16, Борец баскет 16, Водно Санс 15, Работнички 2018 15, Мега Баскет 14, Тетекс ТТК 13, Куманово 2009 9 (-1);