Екипата на Баер Леверкузен дојде до нов триумф во Бундес лигата со кој се зацврсти на првото место на табелата.
Популарните „фармацевти“ славеа над Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 3:0.
Од самиот старт Леверкузен покажаа доминација. Во првиот дел резултатот го отвори Бонифејс во 14-та минута.
Во вториот дел, екипата на Чаби Алонсо, само ја потврдија моќта. За пет минути домаќините постигнаа два гола и ја заверија победата. На 2:0 зголеми Фримпонг (52), а печат на натпреварот стави Флориан Вирц (57.минута).
Со овој триумф Баер Леверкузен имаат 39 бода по 15 одиграни кола и се на првата позиција. Баерн Минхен ги следи со 32 бода и два натпревари помалку. Ајнтрахт пак се на 8-та позиција со 21 бод.
Андреј Велјаноски