На големо задоволство на домашната публика, во италијанскиот ски-центар Вал гардена, Доминик Париз триумфираше на спустот.
По пауза од 22 години Италијанците во овој ски-Центар се израдуваа на триумф на свој скијач.
Париз до својата 23-та победа во кариерата стигна во време до 1:59.84 минути, што беше за 44.стотинки побрзо од Норвежанецот, Килде.
Победникот од првиот овосезонски спуст, Американецот, Бенет Брајс заостана 67.сттинки зад победникот, Парис и го освои третото место.
Водечкиот во севкупниот генерален поредок, Марко Одермарт од Швајцарија денеска заврши како четврто рангиран.