Дуелот меѓу двете струмички екипи ќе го одбележи последното коло во женската одбојкарска Прва лига.

Денеска на програмата се натпреварите од 14-тата последна рунда од првиот дел на сезоната кај одбојкарките.

Дилеми околу тоа кои екипи ќе разигруваат за титулата нема, но има која екипа ќе го заврши првиот дел од сезоната на втората позиција.

Екипата на Струмица жени е неприкосновена прва со максимални 13 победи. Тие вечерва ќе бидат предизвикани од локалните ривалки одбојкарките на Наковски волеј кои заедно со Јанта волеј се во борба за втората позиција.

На ова трио во разигрувањето за титулата ќе им се приклучи и актуелниот шампион Работнички.

Програмата ќе ја отворат одбојкарките на Вардар ЕМ и Фит фан волеј.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ), 14.КОЛО
сабота
16.00 ВАРДАР ЕМ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ
19.00 СТРУМИЦА ЖЕНИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ
19.30 ВАРДАР ЖЕНИ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ
20.00 ЈАНТА ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД

ТАБЕЛА: Струмица жени 13-0, Наковски волеј 9-3, Јанта волеј 9-3, Работнички Скопје 7-6, Фит фан волеј 5-7, Младост УГД 5-8, Вардар ЕМ 2-10, Вардар жени 0-12.